ДЛАБОК ЦИКЛОН: СНЕГ И ПРЕКУ 30 ЦМ НА ПЛАНИНИТЕ И МНОГУ ДОЖД (ВНИМАНИЕ)

Како што претходно најавивме циклонот полека но сигурно навлегува во нашата држава па така истиот овој викенд ќе услови поголемо количество на воден талог па така особено во јужната половина ќе наврне и над 35 л/м2 воден талог додека на планините снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми, локално и за преку 30 цм.

Снег ќе паѓа и на повисоките места но и во некои од котлините особено во северозападот, северот, западот и југозападот каде можно е да дојде до формирање на снежна покривка. (Како што кажавме само во некои од котлините вакво нешто е можно).

Во централните, јужните и во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Поради ветерот кој ќе се појави на планините ќе има појава на снежни наноси па токму поради ова бидете ВНИМАТЕЛНИ доколку овој викенд планирате да го поминете во планина или во некои од скијачките центри во државава.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .