МОЌЕН ЦИКЛОН: ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И СНЕГ – НАЈНОВА ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Под влијание на моќен циклонски систем кој веќе е формиран над Медитеранот и истиот со својата долина се шири и доаѓа кон нашата територија за време на овој викенд ќе имаме облачно и СТУДЕНО време со врнежи од дожд на ниските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде значително ќе се зголеми снежната покривка.

Во западните, северните, северозападните како и во југозападните предели врнежи од снег ќе има и во некои од котлините каде има услови да дојде до формирање на снежна покривка. Сепак овој снег би бил релативно влажен.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Врнежите ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ особено утре (сабота) па така вкупното количество на наврнат воден талог локално ќе изнесува над 35 л/м2 особено во јужната половина додека на планините снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми и тоа за 20 до 30 цм а понекаде дури и повеќе.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање и овој викенд ќе се искачуваатво интервалот од 3 до 10 степени и тоа во текот на утрешниот саботен ден додека во недела истите ќе се искачат во интервалот од 0 до 7 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .