ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – ВИКЕНДОВ ДОКОЛКУ ПАТУВАТЕ НА ПЛАНИНИТЕ И СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ДЕТАЛИ

Почитувани граѓани со оглед на тоа дека овој викенд ни доаѓа изразена циклонска активност од југ додека во исто време од север ќе се спушта студена воздушна маса на повисоките места, планините, скијачките центри како и планинските превои ќе има поинтензивни снежни врнежи кој може да создадат проблеми во сообраќајот па најпрвин на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ со цел да не дојде до несакана ситуација или незгода.

Ги предупредуваме и на граѓаните кој планираат овој викенд да го поминат во некој од скијачните центри или општо на планините каде што имаат викендици да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ каде се движат и да не одат на голема надморска височина со цел да не се најдат во незгодна ситуација и тоа поради интензивните снежни врнежи кој се очекуваат.

Ваквото предупредување е поради ветерот кој ќе биде доста изразен и истиот ќе условува снежни наноси.

Снежната покривка овој викенд на планините ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми и се очекува снежната покривка да се зголеми некаде за околу 20 до 30 сантиметри а понекаде дури и повеќе.

Исто така поради ниските темпратури ќе има појава на голомразица на повисоките места а особено на планините што значи и на ова треба да се обрати КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .