ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО И ВРНЕЖИТЕ ДОАЃААТ! ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Под влијание на влажен воздушен бран од запад од доцна попладне и вечерва најпрвин на запад а потоа и во останатите предели ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ па така ќе наврнат од 10 до 15 л/м2 воден талог а понекаде може и повеќе.

Локално не се исклучува можноста да се појави и нестабилност која би дала и по некој грмеж. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој најмногу ќе биде изразен долж повардарието.

На планините ќе има врнежи од снег додека маскималните дневни температури на воздухот денес (среда) ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .