КАКО СРЕДЕ ЛЕТО – ГОЛЕМА НЕСТАБИЛНОСТ ВО СОСЕДНА АЛБАНИЈА – ВРНЕЖИТЕ ДОАЃААТ КОН МАКЕДОНИЈА

Ова попладне во соседна Албанија атмосферата е МНОГУ НЕСТАБИЛНА па така на многу места има развој на нестабилна облачност која е проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално процесите се поинтензивни проследени со електрични празнења и појава на град.

Врнежите од Албанија полека навлегуваат во западна Македонија па така доцна попладнево и вечерва најпрвин на запа да потоа и во остантите предели ќе има врнежи од дожд а сепак најинтензивни ќе бидат на запад каде локално ќе наврнат околу 15 л/м2 воден талог а можно е и нешто повеќе. На планините ќе има врнежи од снег.

Локално не се исклучува можноста за развој на нестабилна облачност која би можела да даде и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој најмногу ќе биде изразен Долж Повардарието.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .