ИЗРАЗЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ОВОЈ ВИКЕНД – ДЕТАЛИ

Под влијание на изразен циклонски систем од југ за време на викендот кој ни доаѓа во нашата држава ќе има нови врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и тоа особено во сабота. Во исто време од север ќе се спушта постудена воздушна маса па така на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка додека таму каде што веќе ја има истата ќе се зголемува.

Да напоменеме дека снежната граница може да се спушти и на повисоките населени места или повисоките градови особено на север и запад.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен додека на запад и југозапад од североисточен правец кој значително ќе ги намали температурите на воздухот па така максималните дневни температури на воздухот овој викенд ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 10 степени во сабота и од 0 до 9 степени во недела.

На планините ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .