СЕ УРИВААТ ЗГРАДИ, ГИНАТ ЛУЃЕ – НОВ РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТАЈВАН

По само еден ден од разорниот земјотрес од 6.4 степени според Рихтеровата скала што го погоди Тајван по што загинаа шест лица а голем број се повредени додека некои од граѓаните се водат за исчезнати денес (среда) нов разорен земјотрес го погоди Тајван со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала.

Сепак по овој потрес нема информации за нови загинати или повредени лица.

Оваа природна катастрофа направи пустош. Поради разорните потреси голем број на граѓани останаа без вода и без електрична енергија.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

КАКО СРЕДЕ ЛЕТО – ГОЛЕМА НЕСТАБИЛНОСТ ВО СОСЕДНА АЛБАНИЈА – ВРНЕЖИТЕ ДОАЃААТ КОН МАКЕДОНИЈА

Ова попладне во соседна Албанија атмосферата е МНОГУ НЕСТАБИЛНА па така на многу места има развој на нестабилна облачност која е проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално процесите се поинтензивни проследени со електрични празнења и појава на град.

Врнежите од Албанија полека навлегуваат во западна Македонија па така доцна попладнево и вечерва најпрвин на запа да потоа и во остантите предели ќе има врнежи од дожд а сепак најинтензивни ќе бидат на запад каде локално ќе наврнат околу 15 л/м2 воден талог а можно е и нешто повеќе. На планините ќе има врнежи од снег.

Локално не се исклучува можноста за развој на нестабилна облачност која би можела да даде и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој најмногу ќе биде изразен Долж Повардарието.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

ИЗРАЗЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ОВОЈ ВИКЕНД – ДЕТАЛИ

Под влијание на изразен циклонски систем од југ за време на викендот кој ни доаѓа во нашата држава ќе има нови врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и тоа особено во сабота. Во исто време од север ќе се спушта постудена воздушна маса па така на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка додека таму каде што веќе ја има истата ќе се зголемува.

Да напоменеме дека снежната граница може да се спушти и на повисоките населени места или повисоките градови особено на север и запад.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен додека на запад и југозапад од североисточен правец кој значително ќе ги намали температурите на воздухот па така максималните дневни температури на воздухот овој викенд ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 10 степени во сабота и од 0 до 9 степени во недела.

На планините ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО И ВРНЕЖИТЕ ДОАЃААТ! ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Под влијание на влажен воздушен бран од запад од доцна попладне и вечерва најпрвин на запад а потоа и во останатите предели ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ па така ќе наврнат од 10 до 15 л/м2 воден талог а понекаде може и повеќе.

Локално не се исклучува можноста да се појави и нестабилност која би дала и по некој грмеж. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој најмногу ќе биде изразен долж повардарието.

На планините ќе има врнежи од снег додека маскималните дневни температури на воздухот денес (среда) ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .