НОВИ ДЕТАЛИ – ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, УСЛОВИ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ И ВЕТЕР!

До крајот на овој ден (вторник) покрај сонцето ќе има и умерена облачност која повремено и на некои места ќе биде значителна а ќе има услови и за слаб локален дожд.

Промениво време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд ќе имаме и во текот на утрешниот ден (среда) кога ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Меѓутоа доцна попладне и вечерта на запад врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират и во другите предели на државава. Ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со грмежи.

На повисоките планини ќе има врнежи од снег.

Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат натрпосечно високи за овој зимски период од годината па така максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .