ДЕТАЛНА АНАЛИЗА – ИЗРАЗЕН ВЛАЖЕН БРАН И ЗАЛАДУВАЊЕ ЗА ВИКЕНДОТ КОЈ ДОАЃА!

За време на викендот кој доаѓа нашата територија ќе биде зафатена од циклонска активност и од влажен воздушен бран од југ и од југозапад додека истовремено од север ќе се спушта постуден воздух.

Ќе има врнежи од дожд на ниските додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до значително зголемување на снежната покривка а таму каде што нема бела покривка истата ќе се формира.

Снежната граница ќе се наоѓа на висина некаде од 800 – 900 м.н.в па нагоре додека вечерта и во текот на ноќта кон недела услови за врнежи од снег кој би бил влажен е можен и на некои од пониските места додека во централните и во југоисточните предели ќе има врнежи претежно од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот па така максималните дневни температури на воздухот во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени додека во недела од 1 до 9 степени.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ па така локално ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на вода. Детални информации околу количината наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .