ДЕТАЛНА АНАЛИЗА – ИЗРАЗЕН ВЛАЖЕН БРАН И ЗАЛАДУВАЊЕ ЗА ВИКЕНДОТ КОЈ ДОАЃА!

За време на викендот кој доаѓа нашата територија ќе биде зафатена од циклонска активност и од влажен воздушен бран од југ и од југозапад додека истовремено од север ќе се спушта постуден воздух.

Ќе има врнежи од дожд на ниските додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до значително зголемување на снежната покривка а таму каде што нема бела покривка истата ќе се формира.

Снежната граница ќе се наоѓа на висина некаде од 800 – 900 м.н.в па нагоре додека вечерта и во текот на ноќта кон недела услови за врнежи од снег кој би бил влажен е можен и на некои од пониските места додека во централните и во југоисточните предели ќе има врнежи претежно од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот па така максималните дневни температури на воздухот во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени додека во недела од 1 до 9 степени.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ па така локално ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на вода. Детални информации околу количината наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

 

СНЕЖНА БУРА НА ВЕКОТ – МОСКВА ПОГОДЕНА ОД АРКТИЧКА ИНВЕРЗИЈА! АНАЛИЗИРАЊЕ НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ

Во изминатиот период во Москва падна ОГРОМНА количина на снег која е невидана во изминативе 100тина години. Токму ова е поради ГОЛЕМОТО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ која ја погоди оваа престолнина.

Ова се нарекува Арктичка инверзија, што значи ова и како дојде до ова огромно снежно невреме?! Од Арктикот кон Москва се спушти поларен воздух и истиот се судри со многу потопол воздух од југ кој се наоѓаше над овој град по што дојде до формирање на силен циклонски систем додека истовремено од Медитеранот кон овој град се движеа уште два помали циклонски системи.

Сето ова услови интензивни снежни врнежи па така за само 24 часа во Москва падна месечно количество на снег.

Снегот услови затворање на авионскиот сообраќај.

Во следните денови снегот во Москва ќе престане но ќе продолжат поларните температури на воздухот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

НОВИ ДЕТАЛИ – ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, УСЛОВИ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ И ВЕТЕР!

До крајот на овој ден (вторник) покрај сонцето ќе има и умерена облачност која повремено и на некои места ќе биде значителна а ќе има услови и за слаб локален дожд.

Промениво време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд ќе имаме и во текот на утрешниот ден (среда) кога ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Меѓутоа доцна попладне и вечерта на запад врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират и во другите предели на државава. Ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со грмежи.

На повисоките планини ќе има врнежи од снег.

Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат натрпосечно високи за овој зимски период од годината па така максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .