СРЕДА ПОКРАЈ ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО ИМА УСЛОВИ И ЗА НЕСТАБИЛНОСТ (НОВИ ДЕТАЛИ)

Како што претходно најавивме во среда кај нас следува нова промена на временската состојба. Ќе има повеќе облаци а преку денот ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а на високите планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Врнежите ќе се интензивираат навечер на запад и полека ќе се префрлаат и во останатите предели на државава. Ќе има услови и за локален развој на нестабилна облачност проследена со грмежи.

И понатаму ќе се задржува натрпосечно топло време за овој зимски период од годината па така максималните дневни температури на воздухот во среда ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .