НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС СО ЕПИЦЕНТАР ВО БЛИЗИНА НА ДОЈРАН

Земјотресот со епицентар во близина на Дојран кој се случи претпладнево беше посилен него претходно што информиравме, неговата јачина изнесува 4.5 степени според Рихтеровата скала и истиот се наоѓа на пет километри длабочина.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на само 14 километри источно од Дојран во соседна Грција.

Земјотресот е почувствуван во југоисточна и во источна Македонија. Нема информации за евентуални штети.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .