ДЕТАЛНА АНАЛИЗА – НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО СРЕДА! ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА ШТО СТАНУВА ЗБОР

Претежно стабилното и суво време без врнежи ќе потрае до среда. Во среда веќе облачноста ќе се зголеми и времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој ќе биде најмногу изразен Долж Повардарието.

Најпрвин на запад ќе има повремен локален послаб дожд додека на повисоките планини послаб снег. Доцна попладнето и вечерта како и ноќта кон четврток врнежите на запад ќе се интензивираат и ќе се прошират и во другите предели но ќе бидат со послаб интензитет.

Температурите на воздухот и натаму ќе бидат натпросечно високи за овој зимски период од годината и максимумот на истите во среда ќе се искачат во интервалот од 7 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .