СРЕДА ПОКРАЈ ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО ИМА УСЛОВИ И ЗА НЕСТАБИЛНОСТ (НОВИ ДЕТАЛИ)

Како што претходно најавивме во среда кај нас следува нова промена на временската состојба. Ќе има повеќе облаци а преку денот ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а на високите планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Врнежите ќе се интензивираат навечер на запад и полека ќе се префрлаат и во останатите предели на државава. Ќе има услови и за локален развој на нестабилна облачност проследена со грмежи.

И понатаму ќе се задржува натрпосечно топло време за овој зимски период од годината па така максималните дневни температури на воздухот во среда ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА – НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО СРЕДА! ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА ШТО СТАНУВА ЗБОР

Претежно стабилното и суво време без врнежи ќе потрае до среда. Во среда веќе облачноста ќе се зголеми и времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој ќе биде најмногу изразен Долж Повардарието.

Најпрвин на запад ќе има повремен локален послаб дожд додека на повисоките планини послаб снег. Доцна попладнето и вечерта како и ноќта кон четврток врнежите на запад ќе се интензивираат и ќе се прошират и во другите предели но ќе бидат со послаб интензитет.

Температурите на воздухот и натаму ќе бидат натпросечно високи за овој зимски период од годината и максимумот на истите во среда ќе се искачат во интервалот од 7 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС СО ЕПИЦЕНТАР ВО БЛИЗИНА НА ДОЈРАН

Земјотресот со епицентар во близина на Дојран кој се случи претпладнево беше посилен него претходно што информиравме, неговата јачина изнесува 4.5 степени според Рихтеровата скала и истиот се наоѓа на пет километри длабочина.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на само 14 километри источно од Дојран во соседна Грција.

Земјотресот е почувствуван во југоисточна и во источна Македонија. Нема информации за евентуални штети.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА – СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС СЕ СЛУЧИ ВО БЛИЗИНА НА ДОЈРАН! (ДЕТАЛИ)

Пред околу половина час со епицентар на само 14 километри источно од Дојран се случи СИЛЕН земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се наоѓа на околу два километри длабочина а почувствуван е во југоисточна и во источна Македонија.

Инаку утринава земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја стресе и Босна и Херцеговина.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .