СТРАШЕН ЦИКЛОН НАД БАЛКАНОТ – ПОПЛАВИ КАЈ НАС И РЕГИОНОТ, СНЕЖНА БУРА ВО ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА! (ДЕТАЛИ)

Изминатите два – три дена целиот Балкан вклучувајќи ја и нашата територија се зафатени од МОЌЕН ЦИКЛОНСКИ СИСТЕМ кој кај нас потоа во соседна Албанија, Црна Гора и во делови од Босна и Херцеговина услови интензивни дождови кој услови зголемување и локално излевање на водотеците што предизвикаа и локални поплави.

Најкритично беше во Црна Гора и во Албанија. Во соседна Албанија поплавите и невремето земаа и два човечки животи.

Кај нас најинтензивни врнежи имаше на запад со што дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на водотеците како и нивно локално излевање што предизвика и локални поплави. Најкритично беше во Македонски брод каде поради поплавите има и големи штети во домовите.

Од друга страна пак Хрватска и Словенија се зафатени од снежна бура која услови интензивни снежни врнежи. Во делови на овие две джави снежната покривка веќе надминува 70 сантиметри.

За среќа кај нас врнежите престанаа но веќе од среда ќе имаме нова промена на времето но за ова детална анализа очекувајте наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .