НАЈПОЗНАТИОТ МЕТЕОГОЛОГ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА – ПОТОПОЛ И ПОВРНЕЖЛИВ ФЕВРУАРИ!

 

Почитувани граѓани според најновите анализи што ние ги направивме укажуваат на тоа дека до самиот крај на овој месец ќе имаме нешто потопло време од вообичаеното за овој зимски период од годината. Температурите на воздухот ќе бидат повисоки или натпросекот иако не се исклучува можноста да наиде студен бран од северните географски широчини и да услови постудено време и снег. Сепак околу ова ние ќе ја следиме континуирано ситуацијата и развојот на временската состојба над нашата држава.

Што се однесува пак до врнежите тие ќе бидат нешто над просекот што значи ќе ги имаме повеќе поточно веќе ги имавме во текот на изминатото дено – ноќие каде на запад локално наврна близу 100 л/м2 воден талог но и понатаму истите ќе бидат нешто почести гледано барем според моменталните анализи.

Ги потсетуваме граѓаните дека треба РЕДОВНО да ги следат нашите информации околу времето со цел да бидат навреме информирани за секоја промена на времето или пак евентуална измена на истото.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .