ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – НАВРНА ОГРОМНО КОЛИЧЕСТВО НА ДОЖД ШТО УСЛОВИ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ! (ДЕТАЛИ)

Во текот на изминатото дено – ноќие нашата државабеше под влијание на МОЌЕН ЦИКЛОНСКИ СИСТЕМ кој најпрвин на запад а потоа и на целата територија услови врнежи од дожд а на високите планини снег каде дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка.

Најинтензивни врнежи имаше на запад и северозапад каде во Лазарополе наврнаа дури преку 90 л/м2 воден талог. Локално во овие предели дојде и до локални поплави како и значително зголемување на водотеците и на речните корита.

На возачите ги ПРЕДУПРЕДУВАМЕ доколку минуваат покрај водотеците да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ со цел да не дојде до несакана ситуација.

Исто така силниот ветер кој што дуваше вчера (сабота) предизвика штети во Охридскиот регион и тоа поради пад на дрво во куќа но за среќа нема повредени луѓе.

Од друга страна пак добро е што понатаму врнежите ќе се намалуваат и ќе престанат. Детално и најново анализирање на времето очекувајте наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .