СТРАШЕН ЦИКЛОН НАД БАЛКАНОТ – ПОПЛАВИ КАЈ НАС И РЕГИОНОТ, СНЕЖНА БУРА ВО ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА! (ДЕТАЛИ)

Изминатите два – три дена целиот Балкан вклучувајќи ја и нашата територија се зафатени од МОЌЕН ЦИКЛОНСКИ СИСТЕМ кој кај нас потоа во соседна Албанија, Црна Гора и во делови од Босна и Херцеговина услови интензивни дождови кој услови зголемување и локално излевање на водотеците што предизвикаа и локални поплави.

Најкритично беше во Црна Гора и во Албанија. Во соседна Албанија поплавите и невремето земаа и два човечки животи.

Кај нас најинтензивни врнежи имаше на запад со што дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на водотеците како и нивно локално излевање што предизвика и локални поплави. Најкритично беше во Македонски брод каде поради поплавите има и големи штети во домовите.

Од друга страна пак Хрватска и Словенија се зафатени од снежна бура која услови интензивни снежни врнежи. Во делови на овие две джави снежната покривка веќе надминува 70 сантиметри.

За среќа кај нас врнежите престанаа но веќе од среда ќе имаме нова промена на времето но за ова детална анализа очекувајте наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО -42°C – ЗИМАТА ЗЕМА ЗАМАФ ВО САД (ДЕТАЛИ)

Острата сибирска зима продолжува во САД па фури истата и зема се поголем замаф.

Овој викенд во делови на САД се измерени дури -42°C.

Од друга страна пак токму поради оваа долга и остра зима во САД ние не можеме да видеме вистинска зима и многу снег низ целата наша земја а не треба да очекуваме зима ни во текот на следниот период, не барем вистинска зима.

Сибирската зима во САД ќе продолжи и натаму во текот на следниот период а истата можно е да се заджи дури и подолго. Сето ова кај нас нема да дозволи спуштање на сибирските јадра кон нашите краишта и вистинска зима со снег.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

 

НАЈПОЗНАТИОТ МЕТЕОГОЛОГ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА – ПОТОПОЛ И ПОВРНЕЖЛИВ ФЕВРУАРИ!

 

Почитувани граѓани според најновите анализи што ние ги направивме укажуваат на тоа дека до самиот крај на овој месец ќе имаме нешто потопло време од вообичаеното за овој зимски период од годината. Температурите на воздухот ќе бидат повисоки или натпросекот иако не се исклучува можноста да наиде студен бран од северните географски широчини и да услови постудено време и снег. Сепак околу ова ние ќе ја следиме континуирано ситуацијата и развојот на временската состојба над нашата држава.

Што се однесува пак до врнежите тие ќе бидат нешто над просекот што значи ќе ги имаме повеќе поточно веќе ги имавме во текот на изминатото дено – ноќие каде на запад локално наврна близу 100 л/м2 воден талог но и понатаму истите ќе бидат нешто почести гледано барем според моменталните анализи.

Ги потсетуваме граѓаните дека треба РЕДОВНО да ги следат нашите информации околу времето со цел да бидат навреме информирани за секоја промена на времето или пак евентуална измена на истото.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – НАВРНА ОГРОМНО КОЛИЧЕСТВО НА ДОЖД ШТО УСЛОВИ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ! (ДЕТАЛИ)

Во текот на изминатото дено – ноќие нашата државабеше под влијание на МОЌЕН ЦИКЛОНСКИ СИСТЕМ кој најпрвин на запад а потоа и на целата територија услови врнежи од дожд а на високите планини снег каде дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка.

Најинтензивни врнежи имаше на запад и северозапад каде во Лазарополе наврнаа дури преку 90 л/м2 воден талог. Локално во овие предели дојде и до локални поплави како и значително зголемување на водотеците и на речните корита.

На возачите ги ПРЕДУПРЕДУВАМЕ доколку минуваат покрај водотеците да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ со цел да не дојде до несакана ситуација.

Исто така силниот ветер кој што дуваше вчера (сабота) предизвика штети во Охридскиот регион и тоа поради пад на дрво во куќа но за среќа нема повредени луѓе.

Од друга страна пак добро е што понатаму врнежите ќе се намалуваат и ќе престанат. Детално и најново анализирање на времето очекувајте наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .