НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – ВО ОХРИД ОЛУЕН ВЕТЕР ПРЕДИЗВИКА ШТЕТИ! (АНАЛИЗА)

Територијата на нашата држава е под влијание на МОЌЕН ЦИКЛОН кој условува и засилен повремено СИЛЕН па и ОЛУЕН ветер од јужен и од југозападен правец.

Олујниот ветер во текот на денешниот саботен ден кој го зафати Охридскиот регион предизвика пад на дрво кај црквата Св. Софија. Дрвото се урна во куќа каде предизвика штети но за среќа нема повредени граѓани.

Силниот ветер ќе продолжи и до крајот на денов а врнежите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се интензивираат со што на запад локално ќе наврнат дури и преку 50 л/м2 вода.

Поради доста интензивните врнежи има услови за зголемување на водотеците особено на запад додека поради силниот ветер бидете крајно претпазливи каде се движете и каде ги ставате вашите автомобили поточно истите да не ги ставате во близина на дрвјата со цел да не дојде до нови штети.

Овие информации вашат за целата територија на државава.

 

Фото – OhridNews.com

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .