МАКЕДОНИЈА ВО ПОРТОКАЛОВА А РЕГИОНОТ И ВО ЦРВЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА! МНОГУ ДОЖД, НЕВРЕМЕ И ВЕТЕР!

Поради веќе споменатиот изразен циклон во текот на денешниот саботен ден територијата на нашата држава влегува во ПОРТОКАЛОВА а регионот дури и во ЦРВЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза поради ИНТЕНЗИВНИТЕ дождови кој се очекуваат до крајот на овој саботен ден.

Локално сето ова ќе биде проследено со нестабилност проследена со поројни дождови и грмежи.

Како што и претходно најавивме најмногу дожд кај нас ќе наврне на крајниот запад (локално и преку 50 л/м2) а ветерот локално и повремено ќе достигнува брзина дури до преку 90 км/час.

Токму со ова нашата држава влегува во прв степен на опасност од невреме додека регионот во втор степен.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .