ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА – ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И УСЛОВИ ЗА НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ!

Под влијание на слен циклон оваа ноќ како и во текот на утрешниот саботен ден во Македонија ќе имаме облачно време со врнежи од доѓд најпрвин на запад каде ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Најинтензивни врнежи ќе имаме во текот на утрешното саботно попладне и вечерта како и во текот на ноќта кон недела кога врнежите ќе се прошират насекаде. Локално ќе наврне ГОЛЕМА количина на вода (над 40 л/м2).

Снег ќе паѓа само на високите планини но со оглед на тоа дека температурите ќе опаѓаат ноќта сабота кон недела снежната граница ќе се спушти малку пониско и повремени врнежи од снег ќе има и на повисоките места особено на западот и на северозападот каде снег е можен и на некои од повисоките населени места.

Ќе дува ЗАСИЛЕН повремено и СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од дури преку 95 км/час. Поради оваа ситуација ве советуваме да внимавате каде се движите и вашите автомобили да ги ставате понастрана од дрвја со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАЌА РЕГИОНОТ – ИЗДАДЕНА Е ЦРВЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА!

Поради МОЌЕН ЦИКЛОН над нашиот регион оваа ноќ како и претстојниот викенд ќе има ИНТЕНЗИВНИ дождови кој ќе бидат НАЈИНТЕНЗИВНИ во Црна Гора, Албанија и западна и југозападна Босна како и во Херцеговина.

Токму во овие предели локално ќе биде и НЕСТАБИЛНО ОБЛАЧНО со поројни дождови, грмежи и силен ветер а можна е појава и на НЕВРЕМЕ проследено со електрични пранзења и град.

Локално ќе наврне ОГРОМНА КОЛИЧИНА НА ВОДА ( над 100 – 150 л/м2) која може да услови локални и поројни поплави па поради тоа нашите граѓани ги информираме доколку патуваат во овие држави да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ. Интензивни дождови ќе има и во западна Грција.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .

СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ЈА СТРЕСИЈА МАКЕДОНИЈА

Денес (петок) Македонија ја стресија три земјотреси од кој два во Скопје и еден во Охрид.

Се работи за слаби земјотреси со интензитет од 2.1 до 2.6 степени според Рихтеровата скала.

Се надеваме дека понатаму тлото ќе се смири и земјотреси нема да има.

 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .