ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА И ВО МАКЕДОНИЈА! (ДЕТАЛНО АНАЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО)

Облачноста постепено се зголемува и ќе се зголемува понатаму така што утре (петок) ќе има повремени врнежи од дожд кој ќе бидат повеќе застапени на запад а во другите предели ќе бидат слаби и локални. Поради високите температури на воздухот за овој дел од годината снег ќе паѓа само на високите планини (од околу 2000 м.н.в па нагоре).

Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец кој во сабота повремено ќе биде и МНОГУ СИЛЕН.

Исто така во сабота врнежите попладнето и вечерта ќе се прошират насекаде низ државава и локално ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ со што ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог најмногу во западната половина од државава.

Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со поројни врнежи и грмежи.

Во текот на ноќта сабота кон недела услови за послаби врнежи од снег ќе има и на повисоките места со висина од 800 – 900 м.н.в па нагоре и тоа поради падот на температурите на воздухот.

Сепак и покрај ова продолжуваат натпросечно високите температури на воздухот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ