ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА И ВО МАКЕДОНИЈА! (ДЕТАЛНО АНАЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО)

Облачноста постепено се зголемува и ќе се зголемува понатаму така што утре (петок) ќе има повремени врнежи од дожд кој ќе бидат повеќе застапени на запад а во другите предели ќе бидат слаби и локални. Поради високите температури на воздухот за овој дел од годината снег ќе паѓа само на високите планини (од околу 2000 м.н.в па нагоре).

Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец кој во сабота повремено ќе биде и МНОГУ СИЛЕН.

Исто така во сабота врнежите попладнето и вечерта ќе се прошират насекаде низ државава и локално ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ со што ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог најмногу во западната половина од државава.

Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со поројни врнежи и грмежи.

Во текот на ноќта сабота кон недела услови за послаби врнежи од снег ќе има и на повисоките места со висина од 800 – 900 м.н.в па нагоре и тоа поради падот на температурите на воздухот.

Сепак и покрај ова продолжуваат натпросечно високите температури на воздухот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА РЕГИОНОТ – ОВИЕ РЕГИОНИ СЕ НАЈРИЗИЧНИ ЗА ПРЕТСТОЈ И ПАТУВАЊЕ

Почитувани наши граѓани на Македонија последните анализи кој ние ги направивме со помош на нашите најпрецизни метеоролошки модели во светот укажуваат на тоа дека веќе од утре (петок) па за време на овој викенд нашиот регион ќе биде зафатен од МОЌЕН ЦИКЛОН кој ќе услови на повеќе места ИНТЕНЗИВНИ дождови проследени со локални грмежи и силен ветер. Не се исклучува можноста за локално НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд и град.

Најризични земји се Црна Гора, северот на соседна Албанија како и југозападот на Босна и Херцеговина.

Во текот на споменатиот временски период локално во овие делови можно е да наврнат од 100 до 200 л/м2 воден талог а можно е и повеќе па поради ова можни се и локални поројни поплави.

Поради ваквата цитуација ве советуваме доколку овој викенд планирате да патувате во овие места да бидете ПРЕТПАЗЛИВИ.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ