МЕТЕОРОЛОШКАТА НАУКА НА ДЛАНКА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ТЕМПЕРАТУРНАТА ИНВЕРЗИЈА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Почитувани граѓани во текот на следните неколку денови поради ведрото време, релативно тивкото време како и релативно високата влажност во воздухот и тоа особено во ноќните и раните утрински часови ќе се јави феноменот Температурна Инверзија која настанува со значителното ладење на тлото но и поради ведрите ноќи како и поради ииспарувањата на реките и езерата.

Токму поради ова во текот на следните неколку денови по котлините особено во текот на претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност а по расчистувањето на истата покрај ведрината ќе се појави и заматеност во атмосферата што е токму поради температурната инверзија.

Исто така оваа инверзија може да настане иисо зголемување на температурата на високите слоеви од атмосферата.

Се советуваат сите возачи во случај на појава на магла во ноќните, утринските и претпладневните часови истите да бидат крајно претпазливи како се движат со истите со цел да не дојде до некој несакани последици.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА ВО СЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА (ВО ПОГЛЕД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ)

Под влијание на студената воздушна маса која ја зафати нашата држава во текот на изминатите неколку дена истата и во следните два дена ќе услови МНОГУ НИСКИ УТРИНСКИ температури на воздухот кој насекаде ќе се спуштаат во негатива и истите ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -1 степен додека на високите планини особено на запад и на северозапад минималните температури на воздухот ќе се спуштаат до околу -15 степени.

И покрај овој студен бран овие очекувани температури на воздухот иако многу ниски сепак истите се многу повисоки за разлика од оние кои ги имавме минатата зима кога беа екстремно ниски.

Во текот на следниот период максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во постепен пораст а исто така ќе продолжи и стабилното и суво време.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ЗАПОЧНУВА ВЕЕЊЕТО НА СНЕГ – ВРНЕЖИТЕ НАВЛЕГУВААТ! (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Како што веќе уште пред неколку денови најавивме дека за денес (вторник) ќе има провејување на снег истиот започнува да паѓа, еве каде:

Во моментов од северозапад и север навлегува еден бран на врнежи кој понатаму во северозападните, северните како и западните предели на државава ќе услови локално провејување на снег.

Во моментов снег започна да паѓа на северозападот на државава и тоа особено во планинските предели на државава.

Снег започна да паѓа и на скијачкиот центар Попова Шапка каде има и најголема снежна покривка.

Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува по интензитет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: ДОАЃА НАЈСТУДЕНИОТ БРАН ОВАА ЗИМА! ТЕМПЕРАТУРИ ДЛАБОКО ПОД НУЛАТА

Во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе продолжи да биде под влијание на студена воздушна маса од север и истата ќе биде најизразена оваа зима. Особено студено ќе биде наутро кога на некои места температурите на воздухот ќе паднат длабоко под нулата.

Доцна попладнево и вечерва како што најавивме ќе има локално провејување на снег на северозапад и на запад од државава.

Во следните неколку денови температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени додека на некои места како во Беровскиот регион и на другите најстудени места температурите на воздухот можно е да се спуштат до околу -13 степени а на високите планини на запад и северозапад дури и до околу па и под -15 степени.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот некаде од -1 до 7 степени

Времето ќе биде стабилно и суво брз врнежи со исклучок на денес како што веќе кажавме.

Ве советуаме доколку излегувате особено наутро ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесувате ТОПЛА ОБЛЕКА.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ОБЛАЧНА МАСА ОД СЕВЕР СЕ СПУШТА КОН НАШАТА ДРЖАВА: ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ЌЕ УСЛОВИ ВЕЕЊЕ НА СНЕГ

Во моментов од север и северозапад кон нашата држава се спушта облачна маса на воздух па така на северозапад и запад облачноста веќе се зголемува.

Попладнево и во вечерните часови ќе има локално провејување на снег во северозападните и во северните предели на државава но сепак овој снег ќе биде со слаб интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието ќе се засилува по интензитет во текот на денов. Во ноќните часови кон утрешниот ден (среда) облачноста насекаде ќе се намали па токму ова повторно во текот на утрешното средочно утро ќе услову многу ниски температури на воздухот.

Детална анализа околу ниските температури кој не очекуваат очекувајте во текот на овој ден.

Максималните дневни температури на воздухот денес (вторник) ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

МАКЕДОНИЈА МРЗНЕ: НАЈСТУДЕНИОТ БРАН ДОСЕГА! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ИЗМЕРЕНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Територијата на државава е под влијание на многу студена воздушна маса која се спушта од северните географски широчини и воедно оваа студена воздухшна маса е најизразена оваа зима.

Ова утро се измерени најниски температури во текот на оваа зима а времето е ведро но полека од северозапад и запад облачноста започнува да се зголемува.

Температурите на воздухот се насекаде во негатива а во некои градови истите се и длабоко под нулата.

Во продолжение на следната метеоролошка карта можете да ги погледните измерените температури на воздухот ова утро во 07:00:

 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

МАКЕДОНИЈА МРЗНЕ: НАСЕКАДЕ СЕ МЕРАТ МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТЕМПЕРАТУРАТА ВО ВАШЕТО МЕСТО

Под влијание на студена и сува воздушна маса оваа вечер во државава владеат ниски температури на воздухот па така речиси насекаде истите се со негативна вредност.

Времето е ведро со мала локална облачност.

Утре (вторник) како што веќе најавивме ќе има повеќе облаци а има услови и за слаб локален снег.

Во продолжение погледнете ги измерените температури во државава вечерва во 22:00 часот:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

НАЦИОНАЛНА ОКЕАНСКА И АТМОСФЕРСКА АДМИНИСТРАЦИЈА: ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ РЕКОРНО ТОПЛИ (АНАЛИЗА)

поред анализите кон ги направи Националната океанска и атмосферска администрација (NOOA) последните четири години гледнао на глобално ниво биле рекорно топли од 1880 година.

Покрај ова пак последниве неколку денови светот се соочува со екстремни временски прилики како големи суши, поплави, снежни невремиња, екстремни студови и топлини.

Со екстремно временски прилики се соочува и нашиот регион но и нашата држава како што се нагли промени на временската состојба од топло на ладно и обратно, екстремни количества на врнежи како и поплави а во 2016 година бевме сведоци и на разорно невреме кое го погоди Скопскиот регион во кое загинаа многу луѓе.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА ПОНАТАМОШНО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО (МНОГУ НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ)

Под влијание на значително постуден воздух од север во текот на следниот период времето во државава ќе биде стабилно и суво со исклучок на утре (вторник) кога ќе има услови за локално и за слабо провејување на снег.

Исто така брзината на ветерот понатаму ќе се намалува а поради зголемената влажност во воздухот по котлините ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Минималните температури на воздухот насекаде ќе се спуштаат во негатива и истите ќе се спуштаат во интервалот некаде од -10 до -2 степени додека на некои места може да се спуштат нешто под -10 степени.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот некаде од 0 до 8 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ПРЕКРАСНА БЕЛА УБАВИНА ИДЕАЛНА ЗА СКИЈАЊЕ – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА Е СИТУАЦИЈАТА НА ПОПОВА ШАПКА

Како што најавивме со денови однапред скијачкиот центар Попова Шапка доби и ЗНАЧИТЕЛНА БЕЛА покривка која значително ги зголеми условите за скијање на овој скијачки центар.

Снежната покривка на овој скијачки центар е околу па и нешто над 30тина цм што е идеално за скијање и лубителит на зимскиот сморт ќе биде ЖАЛНО доколку не го посетат овојпрекрасен скијачки центар во текот на следниот период.

Со оглед на тоа дека температурите ќе бидат ниски снежната покривка ќе се задржува и нема да има некое значително топење на истата.

Во продолжение погледнете ја ситуацијата на Попова Шапка на следните две фотографии кои навистина оставаат без здив:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ