НОВ АРКТИЧКИ ВОЗДУХ ЌЕ СТИГНЕ ДО САД – ВИНОВНИКОТ ЗА ТОПЛИОТ БРАН И ПРОЛЕТТА КАЈ НАС!

Во текот на следниот период од Арктикот кон САД ќе се спушти нов поларен воздух кој повторно ќе ги спушти температурите на воздухот на екстремно ниво ( и под -30 степени додека на крајниот север и до околу -40 степени).

Од друга страна пак кај нас ќе владее вистинска пролет и ќе владеат вистински пролетни температури на воздухот кој во централните и во југоисточните предели ќе достигнат дури и до 16, 17 степени.

Виновник за вистинската пролет кај нас е токму овој Арктички бран кој ќе се спушти кон САД.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ И ЗА ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ СТЕПЕНИ ПОВИСОКИ ОД НОРМАЛНИТЕ – ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ!

Најновите анализи на времето кој што ние ги направивме повторно укажуваат на тоа дека веќе од утре (недела) па во следните неколку денови после тоа територијата на нашата држава ќе биде под влијание на стабилна, сува и невообичаено топла воздушна маса која веќе продира од јужните географски широчини.

Истата ќе услови стабилно, суво, сончево време без врнежи. Саво оваа ноќ и утре претпладне ќе има нешто повеќе облаци. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец кој Долж Повардарието и на југоисток ќе се засилува по интензитет.

Максимумот на температурите на воздухт ќе се искачуваат на многу места до а понекаде и над 10тиот степен додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури и до 17, 18 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ПОВТОРНО ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ПОЧУВСТВУВАНИ ВО ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Два послаби земјотреси во текот на денешниот ден се почувствувани во југозападна Македонија и истите се со епицентар во Охридскиот регион.

Земјотресите се со интензитет од 2.4 и 2.1 степен според Рихтеровата скала.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ЗА 10 СТЕПЕНИ ПОВИСОКИ ОД НОРМАЛНИТЕ: ОЧЕКУВАЈТЕ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Температури на воздухот кој се несвојствени за овој зимски период од годината, сончево време повремено со мала до умерена локална облачност и повеќе облачност оваа сабота но без врнежи и со услови за претпладневна магла и ниска облачност по котлините и тоа некаде до сабота, недела.

Оваа е сликата за Македонија во поглед на метеоролошките случувања за следниот период.

Поради продор на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од јужните географски широчини особено на почетокот од следната недела ќе има и ГОЛЕМ ПОРАСТ на максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат речиси насекаде до околу па и над 10 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури и до околу 16, 17 степени што се навистина пролетни.

Поради ваквата ситуација и големото затоплување на времето во текот на денот ќе има и значително топење на снежната покривка на планините и на скијачките центри што навистина многу лошо ќе влијае на лубителите на зисмиот спорт.

Со невообичаено топло време и високи температури на воздухот ќе го завршиме овој јануарски месец.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ПОПОСКИ: ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД ТОПЕЊЕ НА СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – СЛЕДУВА ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО!

Почитувани граѓани веќе сите вие знаете дека во текот на следниот период особено во текот на следната недела поради продор на топла воздушна маса од јужните географски широчини ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето особено во текот на денот кога маскималните дневни температури на воздух ќе бидат ДАЛЕКУ НАД ПОРОСЕКОТ за овој зимски период од годината и истит еќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10тина степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност а нешто повеќе облачност ќе имаме во сабота.

Во централните и во југоисточните предели максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат дури и до околу 16, 17 степени.

НАПОМЕНА: Ова е лоша вест за лубителите на зимскиот спорт поради тоа што поради големото затоплување во текот на денот ќе дојде до топење на снежната покривка на скијачките центри.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ПРЕКРАСНО ВРЕМЕ СРЕДЕ ЗИМА – НИТУ ЕДЕН ОБЛАК НАД МАКЕДОНСКОТО НЕБО!

Територијата на нашата држава е под влијание на силен антициклон што значи е под влијание на восок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која условува стабилно, суво и сончево но сепак сеуште студено време.

На радарската слика што најгоре с енаоѓа можете да погледнете дека над Македонското небо има целосна ведрина и владее сончевото време без облачност.

Токму со ова нашата држава влегува во еден малку подолг временски период на стабилно и суво време без никакви врнежи но со тоа што дека понатаму ќе имаме затоплување на времето а особено топло ќе биде на почетокот на следната недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе бидат далеку над просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат навистина пролетни и во централните и во југоисточните предели максималните температури на воздухот се очекува да се искачат некаде дури до 16, 17 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: ПО СТУДЕНИОТ БРАН ДОАЃА ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ!

Почитувани граѓани по студениот воздушен бран кој ја зафати нашата држава во последниот период ни следува вистинско пролетно време со невообичаено високи температури на воздухот кој ќе бидат ДАЛЕКУ над просекот за овој зимски период од годината.

Веќе од овој викенд кој што ни доаѓа полека температурите на воздухот (како минималните така и максималните) полека ќе растат па така веќе на почетокот на следната недела истите ќе се искачуваат во интервалот некаде од 10 па дури до 16, 17 степени во југоисточните и во централните предели на државава.

Времето ќе биде претежно стабилно, сончево повремено со мала до умерена локална облачност а нешто повеќе облаци треба да има во сабота.

Во утринските и во претпладневните часови во некои котлини ќе има услови за појава на магла.

НАПОМЕНА: Поради ЗНАЧИТЕЛНИОТ пораст на температурите на воздухот снежната покривка на планините и повисоките места како и на скијачките центри ќе започне да се топи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ДЕФИНИТИВНО НАЈСТУДЕНО УТРО ОВАА ЗИМА: ТЕМПЕРАТУРИ ДЛАБОКО ПОД НУЛАТА

Денешното четврточно утро е дефинитивно најстуденото утро оваа зима што значи температурите на воздухот поради ведрото време се спуштија длабоко под нулата.
Најстудено ова утро беше во Берово како и вообичаено каде се измерени температури од -13 степени.

Сепак и покрај овој длабок минус кој го имавме ова четврточно утро истото е далеку потопло за разлика од утрата кој ги имавме минатата зима кога температурите на воздухот паѓаа дури и под -25 степени.

Во следните денови ќе имаме постепен пораст на температурите на воздухот и затоплување но околу ова детална анализа следува наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

НАЈСТУДЕНИОТ БРАН ОВАА ЗИМА – МАКЕДОНИЈА ОКОВАНА ВО СТУД – ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОВАА ВЕЧЕР

Како што најавивме територијата на нашата држава е зафатена од најстудениот воздушен бран оваа зима кој се спушта од северните географски широчини.

Поради ведрото време оваа ноќ уште пред полноќните часови имавме температури длабоко под нулата и веќе на некои места се спушптаат под -10 степени а истите и понатаму ќе опаѓаат.

Падот на температурите на воздухот кој ќе се случува и понатаму во текот на ноќта ќе биде условен и поради ведрата ноќ која ја имаме.

До изутрина температурите на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -11 до -2 степени додека во најстуденит еместа истите можно е да се спуштат и до околу -15 степени.

Во продолжение погледнете ги измерените температури вечерва во 22:00 часот:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ НЕ ДАВА НАДЕЖ ЗА ЗИМА: ДО КРАЈОТ НА ОВОЈ МЕСЕЦ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ!

Почитувани граѓани по студениот бран кој услови и ќе условува уште следните два дена во утринските часови најниски температури на воздухот оваа зима ќе следи постепен пораст како на утринските така и на дневните температури на воздухот и тоа поради продор на потопла воздушна маса која ќе биде со потекло нормално од јужните географски широчини.

До крајот на овој месец некоја битна промена на временската состојба кај нас нема да има што значи ќе продолжи претежно стабилното и суво време без никакви врнежи барем така укажуваат последните анализи кој ние ги направивме денес (среда).

Сепак поради температурната инверзија која веќе е споменавме во следните неколку дена во претпладневните и ноќните часови по котлините ќе услови појава на магла и ниска облачност а во текот на денот и заматена атмосфера. Веќе многу добро објазнавме зошто ќе се случува токму овој природен феномен или пак појава.

Заклучокот на сето ова укажува на тоа дека до самиот крај на овој месец температурите ќе бидат во пораст и истит еќе бидат над просекот за овој зимски период од годината што значи барем засега не надевајте се на никаква зима или пак на снежни врнежи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ