СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ДРЖАВАВА – ПРЕД САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ СЕ СЛУЧИ СТРАШЕН ЗЕМЈОТРЕС!

Серија од земјотреси оваа ноќ ја вознемирија југоисточна Македонија. Пред само неколку минути се случи и НАЈСИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС.

Страшшен земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала ги вознемири граѓаните на Дојран. Овој земјотрес е почувствуван на повеќе места од источната половина на државава.

Засега нема информации за евентуални штети. Епицентарот на овој земјотре се наоѓа на 11 километри источно од Дојран.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ЈАНУАРИ РЕЛАТИВНО ПОТОПЛА!

Почитувани граѓани вечерва за сите вас решив да направам една подолгорочна анализа околу временската состојба кај нас која укажува дека првата половина од овој месец би била релативно потопла од просекот за разлика од изминатата 2016 година кога на почетокот од јануари имавме продор на екстремно студен сибирски бран и температури од дури околу -30 степени.

Оваа година барем моментално според развојот на времето ќе имаме далеку поблаги временски услови и релативно натпросечни температури на воздухот.

Што се однесува до врнежите истит еби биле во нешто помало количество иако би требало да има и повремени влажни воздушни бранови.

На крај да напоменеме дека со оглед на тоа дека се работи за доста подолгорочна анализа на времето можни се измени на истата и ова да не се зема здраво за готово туку овие долгорочни анализи на времето ги користиме како резерва.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ВО ЖИВО ГО СЛЕДИМЕ ВРЕМЕТО: ДОАЃА БРАН НА ВРНЕЖИ! ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Оваа вечер над територијата на државава значителна облачност а околу и по полноќ кон утринските часови од утрешниот ден (вторник) најпрвин на запад а потоа и на повеќе места ќе има врнежи од дожд додека на пивосоките планински места од државава ќе има врнежи од снег.

Утре на вториот ден од новата 2018 година времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди (на некои места и нешто подолги) додека доцна попладнето и вечерта повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд
и снег на повисоките планини. Сепак и во текот на денот на крајниот запад ќе има услови за слаб локален дожд и снег на повисоките планини.

Во текот на вечерта и ноќта кон среда ќе започне да дува северен ветер со што температурите ќе бидат во опаѓање па така услови за послаби врнежи од снег ќе има и на повисоките места од државава и тоа некаде на околу 1000 м.н.в а можно е и малку подолу. Максимумот на температурите на воздухот утре (вторник) ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

Да напоменеме дека уште оваа ноќ снежната граница ќе биде некаде на височина од околу 1400 – 1500 метри.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ