ПРОЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ПРОДОЛЖУВААТ – И ПОНАТАМУ ЌЕ СЕ МЕРАТ НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Под влијание на невообичаено топол воздух и јужно воздушно струење и во текот на следните денови во нашата држава ќе се мерат невообичаено високи температури на воздухот за овој зимски период од годината.

И покрај промената на времето во текот на следните денови која ќе донесе повеќе облачност но и врнежи сепак максимумот на температурите на воздухот речиси насекаде ќе се искачуваат до околу 1-тиот степен додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури до околу 17, 18 степени што е несвојствено навистина за овој дел од годината.

Поради невообичаено топлото време ќе продолжи топењето на снежната покривка а снег можен е само на високите планински места.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ