ОБНОВЕНА И ДЕТАЛНА АНАЛИЗА – ПОСТЕПЕНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО НО ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ И ПОНАТАМУ ТОПЛО!

Почитувани граѓани со последните анализи кој ние ги направивме веќе од утре (четврток) ќе започне постепена промена на времето и зголемување на облачноста а има услови и за сосема слаб локален дожд.

Многу повеќе облаци ќе има од петок кога ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и тоа особено попладнето и вечерта на запад и југозапад.

Одсега гледано повеќе врнежи ќе има вечерта и ноќта сабота кон недела.

Поради релативно високите натпросечни температури на воздухот снег ќе паѓа само на повисоките планини.

Со оглед на големите промени на метеоролошките модели кој често се случуваат по потреба ќе објавувам нови, детални и обновени анализи со цел најрано и најпрецизно да ве информираме за временската состојба која не очекува понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ