ПРОЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ПРОДОЛЖУВААТ – И ПОНАТАМУ ЌЕ СЕ МЕРАТ НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Под влијание на невообичаено топол воздух и јужно воздушно струење и во текот на следните денови во нашата држава ќе се мерат невообичаено високи температури на воздухот за овој зимски период од годината.

И покрај промената на времето во текот на следните денови која ќе донесе повеќе облачност но и врнежи сепак максимумот на температурите на воздухот речиси насекаде ќе се искачуваат до околу 1-тиот степен додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури до околу 17, 18 степени што е несвојствено навистина за овој дел од годината.

Поради невообичаено топлото време ќе продолжи топењето на снежната покривка а снег можен е само на високите планински места.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

МНОГУ ВЕДРИНА И ТОПЛИНА – ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ! МОМЕНТАЛНА СИТУАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Почитувани граѓани продолжува да трае невообичаеното топло време кај нас и вистинската пролет проследена со многу сонце и топлина.

Територијата на нашата држава е под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини (Северна Африка) и истата условува многу високи температури на воздухот кој се идеални за понатамошно будење на природата.

Сепак како што претходно објавивме во најновата и обновена детална анализа студениот бран кој доаѓаше кон нашата територија сепак ќе изостане и тоа нема да се случи барем засега и барем според најновите анализи направени со помош на нашите најпрецизни метеоролошки модели во светот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ 

КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ОБНОВЕНА И ДЕТАЛНА АНАЛИЗА – ПОСТЕПЕНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО НО ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ И ПОНАТАМУ ТОПЛО!

Почитувани граѓани со последните анализи кој ние ги направивме веќе од утре (четврток) ќе започне постепена промена на времето и зголемување на облачноста а има услови и за сосема слаб локален дожд.

Многу повеќе облаци ќе има од петок кога ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и тоа особено попладнето и вечерта на запад и југозапад.

Одсега гледано повеќе врнежи ќе има вечерта и ноќта сабота кон недела.

Поради релативно високите натпросечни температури на воздухот снег ќе паѓа само на повисоките планини.

Со оглед на големите промени на метеоролошките модели кој често се случуваат по потреба ќе објавувам нови, детални и обновени анализи со цел најрано и најпрецизно да ве информираме за временската состојба која не очекува понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ