ТЕМПЕРАТУРИ ДО ОКОЛУ -40 °C, САД ОКОВАНИ ВО МРАЗ А ВО МАКЕДОНИЈА ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ!

САД овие денови повторно се оковани во мраз и во екстремно ниски температури на воздухот кој паѓаат дури и до околу -40 степени на некои места.

Од друга страна пак во нашата држава владее вистина пролет со невообичаено високи дневни температури на воздухот кој се дури и за повеќе од десет степени повисоки од нормалните за овој зимски период од годината.

Токму ова се случува поради тоа што поларните јадра од Арктикот директно се спуштаат кон САД и условуваат екстремно ниски температури на воздухот. Сето ова предизвикува слободно над нашите краишта да продира невообичаено топол бран кој е со потекло од Северните предели на Африка.

Инаку САД речиси цела зима се соочуваат со екстремно ниски температури на воздухот и многу снег додека ние во Македонија сеуште никако да видиме вистинска зима и снег каков што ни е потребен.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ