МЕТЕОМАКС ОД БЕРЛИН ЈА НАЈАВУВА НАГЛАТА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ОВОЈ ПЕТОК (АНАЛИЗА)

Почитувани граѓани вистинското пролетно време без врнежи ќе трае се до овој четврток проследено со невообичаено високи температури на воздухот кој во централните и во југоисточните предели ќе се искачат дури и до околу 18 степени.

Веќе во петок под влијание на влажен воздушен бран најпрвин на запад а попладнето и вечерта и насекаде низ државава ќе има врнежи од дожд а на високите планини ќе паѓа снег.

Поради продор на значително постуден воздух од север вечерта и во текот на ноќта кон сабота ќе има НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето и пад на температурите на воздухот дури за околу 15тина степени па и повеќе (понекаде).

Ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец меѓутоа вечерта ветерот ќе го промени својот правец во северен.

Поради падот на температурите на воздухот и заладувањето снежната граница ЗНАЧИТЕЛНО ќе се спушти (на околу 500 – 600 м.н.в.) може и нешто пониско (локално).

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ