АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА СРЕДЕ ЗИМА – ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО ОКОЛУ 20°C!

Територијата на нашата држава како што и претходно информиравме е под влијание на Африкански бран и на невообичаено топла воздушна маса кој денес (понеделник) услови невообичаено високи температури на воздухот па така најтопол град беше Гевгелија каде се измерени 18°C.

Во следните два до три дена во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот можно е да бидат дури и повисоки и истите може да се искачат дури и до околу 20 степени.

Очекуваните температури за следните неколку денови но и оние кои ги имавме денес (понеделник) се повисоки од нормалните дури за повеќе од 10 степени што е премногу.

Сепак во ноќните и во утринските часови ќе биде релативно студено па така понекаде температурите на воздухот ќе се спуштаат во негатива.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ