АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА СРЕДЕ ЗИМА – ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО ОКОЛУ 20°C!

Територијата на нашата држава како што и претходно информиравме е под влијание на Африкански бран и на невообичаено топла воздушна маса кој денес (понеделник) услови невообичаено високи температури на воздухот па така најтопол град беше Гевгелија каде се измерени 18°C.

Во следните два до три дена во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот можно е да бидат дури и повисоки и истите може да се искачат дури и до околу 20 степени.

Очекуваните температури за следните неколку денови но и оние кои ги имавме денес (понеделник) се повисоки од нормалните дури за повеќе од 10 степени што е премногу.

Сепак во ноќните и во утринските часови ќе биде релативно студено па така понекаде температурите на воздухот ќе се спуштаат во негатива.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ВИСТИНСКО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ – МНОГУ СОНЦЕ И ТОПЛИНА, ВО МАКЕДОНИЈА ИЗМЕРЕНИ 18 °C!

Анализите на времето кој ние ги најавувавме уште дури пред речиси една недела повторно испаднаа 100 % прецизни.

Територијата на нашата држава е под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини (Северна Африка) и токму овој продор го предизвикува Арктичкиот воздух кој се спушта во деловите на САД.

Кај нас владее право пролетно сонце кое е проследено со многу сонце и топлина во текот на денот па така денес (понеделник) во државава се измерени дури 18 степени и тоа во Гевгелија.

Во продолжение погледнете ги максималните дневни температури измерени денес (понеделник) ширум Македонија:

Maximum temperature in 24h. 01/29/2018 at 12:00 UTC
(19 of 19 stations)
1 Gevgelija (Macedonia, The Republic of) 18.2 °C
2 Kriva Palanka (Macedonia, The Republic of) 13.5 °C
3 Tetovo (Macedonia, The Republic of) 13.4 °C
4 Strumica (Macedonia, The Republic of) 12.7 °C
5 Berovo (Macedonia, The Republic of) 11.7 °C
6 Skopje-Zajceprid (Macedonia, The Republic of) 11.6 °C
7 Prilep (Macedonia, The Republic of) 11.5 °C
8 Pretor-Pgc (Macedonia, The Republic of) 11.4 °C
9 Bitola (Macedonia, The Republic of) 11.0 °C
10 Lazaropole (Macedonia, The Republic of) 11.0 °C
11 Demir Kapija (Macedonia, The Republic of) 10.9 °C
12 Stip (Macedonia, The Republic of) 10.8 °C
13 Topolcani-Pgc (Macedonia, The Republic of) 10.6 °C
14 Skopje-Petrovec (Macedonia, The Republic of) 10.5 °C
15 Pozarane-Pgc (Macedonia, The Republic of) 10.3 °C
16 Vinica-Pgc (Macedonia, The Republic of) 9.2 °C
17 Gjuriste-Pgc (Macedonia, The Republic of) 8.9 °C
18 Ohrid (Macedonia, The Republic of) 8.5 °C
19 Ohrid-Aerodrome (Macedonia, The Republic of) 7.5 °C

back to index 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

МЕТЕОМАКС ОД БЕРЛИН ЈА НАЈАВУВА НАГЛАТА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ОВОЈ ПЕТОК (АНАЛИЗА)

Почитувани граѓани вистинското пролетно време без врнежи ќе трае се до овој четврток проследено со невообичаено високи температури на воздухот кој во централните и во југоисточните предели ќе се искачат дури и до околу 18 степени.

Веќе во петок под влијание на влажен воздушен бран најпрвин на запад а попладнето и вечерта и насекаде низ државава ќе има врнежи од дожд а на високите планини ќе паѓа снег.

Поради продор на значително постуден воздух од север вечерта и во текот на ноќта кон сабота ќе има НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето и пад на температурите на воздухот дури за околу 15тина степени па и повеќе (понекаде).

Ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец меѓутоа вечерта ветерот ќе го промени својот правец во северен.

Поради падот на температурите на воздухот и заладувањето снежната граница ЗНАЧИТЕЛНО ќе се спушти (на околу 500 – 600 м.н.в.) може и нешто пониско (локално).

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА НА ПОПОСКИ – НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ И МАЧНИНИ

Почитувани граѓани со оглед на тоа дека овие денови како и во текот на следните неколку денови ќе имаме невообичаено високи дневни температури на воздухот додека наутро ќе биде релативно студено биометеоролошките услови ќе бидат релативно НЕПОВОЛНИ па така поради овие големи промени на минималните и на максималните температури на воздухот како и поради невообичаено високите дневни температури на воздухот особено кај метеопатите но и кај дел од обичните граѓани ќе има појава на тежина на телото и на главата а можна е појава и на главоболки како и болки во коските и на местата на старите рани.

Исто така не е чудо да ви се појави и повремена нервоза како и несоница.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ