ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ И ЗА ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ СТЕПЕНИ ПОВИСОКИ ОД НОРМАЛНИТЕ – ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ!

Најновите анализи на времето кој што ние ги направивме повторно укажуваат на тоа дека веќе од утре (недела) па во следните неколку денови после тоа територијата на нашата држава ќе биде под влијание на стабилна, сува и невообичаено топла воздушна маса која веќе продира од јужните географски широчини.

Истата ќе услови стабилно, суво, сончево време без врнежи. Саво оваа ноќ и утре претпладне ќе има нешто повеќе облаци. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец кој Долж Повардарието и на југоисток ќе се засилува по интензитет.

Максимумот на температурите на воздухт ќе се искачуваат на многу места до а понекаде и над 10тиот степен додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури и до 17, 18 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ