ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ЗА 10 СТЕПЕНИ ПОВИСОКИ ОД НОРМАЛНИТЕ: ОЧЕКУВАЈТЕ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Температури на воздухот кој се несвојствени за овој зимски период од годината, сончево време повремено со мала до умерена локална облачност и повеќе облачност оваа сабота но без врнежи и со услови за претпладневна магла и ниска облачност по котлините и тоа некаде до сабота, недела.

Оваа е сликата за Македонија во поглед на метеоролошките случувања за следниот период.

Поради продор на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од јужните географски широчини особено на почетокот од следната недела ќе има и ГОЛЕМ ПОРАСТ на максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат речиси насекаде до околу па и над 10 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури и до околу 16, 17 степени што се навистина пролетни.

Поради ваквата ситуација и големото затоплување на времето во текот на денот ќе има и значително топење на снежната покривка на планините и на скијачките центри што навистина многу лошо ќе влијае на лубителите на зисмиот спорт.

Со невообичаено топло време и високи температури на воздухот ќе го завршиме овој јануарски месец.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ