МЕТЕОРОЛОШКАТА НАУКА НА ДЛАНКА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ТЕМПЕРАТУРНАТА ИНВЕРЗИЈА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Почитувани граѓани во текот на следните неколку денови поради ведрото време, релативно тивкото време како и релативно високата влажност во воздухот и тоа особено во ноќните и раните утрински часови ќе се јави феноменот Температурна Инверзија која настанува со значителното ладење на тлото но и поради ведрите ноќи како и поради ииспарувањата на реките и езерата.

Токму поради ова во текот на следните неколку денови по котлините особено во текот на претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност а по расчистувањето на истата покрај ведрината ќе се појави и заматеност во атмосферата што е токму поради температурната инверзија.

Исто така оваа инверзија може да настане иисо зголемување на температурата на високите слоеви од атмосферата.

Се советуваат сите возачи во случај на појава на магла во ноќните, утринските и претпладневните часови истите да бидат крајно претпазливи како се движат со истите со цел да не дојде до некој несакани последици.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ