МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ НЕ ДАВА НАДЕЖ ЗА ЗИМА: ДО КРАЈОТ НА ОВОЈ МЕСЕЦ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ!

Почитувани граѓани по студениот бран кој услови и ќе условува уште следните два дена во утринските часови најниски температури на воздухот оваа зима ќе следи постепен пораст како на утринските така и на дневните температури на воздухот и тоа поради продор на потопла воздушна маса која ќе биде со потекло нормално од јужните географски широчини.

До крајот на овој месец некоја битна промена на временската состојба кај нас нема да има што значи ќе продолжи претежно стабилното и суво време без никакви врнежи барем така укажуваат последните анализи кој ние ги направивме денес (среда).

Сепак поради температурната инверзија која веќе е споменавме во следните неколку дена во претпладневните и ноќните часови по котлините ќе услови појава на магла и ниска облачност а во текот на денот и заматена атмосфера. Веќе многу добро објазнавме зошто ќе се случува токму овој природен феномен или пак појава.

Заклучокот на сето ова укажува на тоа дека до самиот крај на овој месец температурите ќе бидат во пораст и истит еќе бидат над просекот за овој зимски период од годината што значи барем засега не надевајте се на никаква зима или пак на снежни врнежи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ