ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА ВО СЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА (ВО ПОГЛЕД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ)

Под влијание на студената воздушна маса која ја зафати нашата држава во текот на изминатите неколку дена истата и во следните два дена ќе услови МНОГУ НИСКИ УТРИНСКИ температури на воздухот кој насекаде ќе се спуштаат во негатива и истите ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -1 степен додека на високите планини особено на запад и на северозапад минималните температури на воздухот ќе се спуштаат до околу -15 степени.

И покрај овој студен бран овие очекувани температури на воздухот иако многу ниски сепак истите се многу повисоки за разлика од оние кои ги имавме минатата зима кога беа екстремно ниски.

Во текот на следниот период максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во постепен пораст а исто така ќе продолжи и стабилното и суво време.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ