ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: СТУДЕН БРАН И ПОСТУДЕНИ ДЕНОВИ КАКО И МНОГУ НИСКИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ (АНАЛИЗА)

Под влијание на значително постудена воздушна маса која веќе започна да се спушта од северните географски широчини во следните денови ќе услови значително пониски температури на воздухот а особено студено ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот насекаде ќе се спуштат под нулата.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и без врнежи со исклучок на вторник попладне и навечер кога има услови за слаб локален снег.

Оваа ноќ како и утре (понеделник) ќе дува засилен ветер од северен правец и итиот ќе биде најизразен Долж Повардарието како и на исток и југоисток па локално можно е да достигнува брзина и над 80 км на час па затоа во ваква ситуација ве советуваме да внимавате каде се движите а вашите автомобили да ги ставате понастрана од дрвјата.

Минималните температури на воздухот во следниот период ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени додека понекаде истите е можно да се спуштат и под -10 степени додека на планините и скијачките центри и околу -15 степени.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот некаде од 0 до 7 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: ОВАА НОЌ ЗНАЧИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЛАТА ПОКРИВКА – ИДЕАЛНО ЗА СКИЈАЊЕ!

Почитувани граѓани како што најавивме снежната граница се спушта а на планинските предели особено на западот и северозападот има и поинтензивни снежни врнежи па така до утре (понеделник) ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка на Скијачките центри и тоа некаде од 20 до 30 цм нов снег.

Потоа до изутрина врнежите ќе престануваат но ќе има понатамошно опаѓање на температурите на воздухот па така поради ниските температури на скијачките центри ќе има задржување на белата покривка.

Сите лубители на зимскиот спорт можат слободно да ги посетат нашите скијачки центри и да уживаат во снежната зимска бајка.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ВО ЖИВО ГО СЛЕДИМЕ ВРЕМЕТО: ОД СЕВЕР НАВЛЕГУВА НАГЛОТО ЗАЛАДУВАЊЕ А ЗАПОЧНУВА И СПУШТАЊЕ НА СНЕГОТ!

Почитувани граѓани во овој момент од север кон нашата територија започнува да навлегува студениот воздушен бран и веќе во северната половина на државава температурите на воздухот се сначително спуштени а освен на планините снег паѓа и на повисоките места како и во населените места кој се со малку поголема надморсна височина но сепак веќе снежната граница се спушта и под 1000 м.н.в.

Понатаму во текот на ноќта ќе продолжи спуштањето на снежната граница патака локално провејување на снег ќе има и во некои од котлините претежно на северот и западот на државава а потоа и во останатите котлини е можно само сосема локално и слабо провејување снег.

До утре (понеделник) наутро температурите на многу места ќе се спуштат под нулата и истите ќе се спуштат во интервалот од -6 до 2 степени додека на планинските и скијачките места истите ќе се спуштат под -10 степени.

Да напоменеме дека е можна и ретка појава на грмежи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ЕКСКЛУЗИВНА АНАЛИЗА НА НАЈПОЗНАТИОТ МЕТЕОРОЛОГ: ЗОШТО И КАКО СЕ СЛУЧИ ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ СО ГРОМОВИ ВО СКОПСКО?!

Почитувани граѓани и сограѓани сите вие во вас но и меѓу разговорите со другите ваши пријатели и роднини си кажувате не е нормално тоа што вчера (сабота0 се случи во Скопскиот регион односно станува збор за замена на две годишни времиња за многу краток временски период – типично летно невреме проследено со поројни дождови, грмежи и електрични празења дури и удар на гром и прекин на електричната енергија на повисоките предели од Скопска Црна Гора до продор на многу постуден воздух од север и врнежи од снег и формирање и владеење на вистинска снежна бајка (формирање на бела покривка).

Зошто сето ова настана за многу краток временски период?! Најпрвин Скопскиот регион како и целата наша држава беше под влијание на значително потопол воздух од југ како и под јужно воздушно струење кое условуваше невообичаено високи температури на воздухот з аовој зимски период од годината, од друга страна пак дојде до продор на многу постуден воздух од север и судир на двете воздушни маси (многу потоплата од југ и многу постудената од север).

Токму кога дојде до ова дојде и до дестабилизација на атмосферата па така во Скопскиот регион дојде и до краткотрајно типично летно невреме проследено со поронјни дождови, грмежи и електрични празнења кој сепак најизразени беа на Скопска Црна Гора по што веднаш по ова невреме дојде до продор на веќе споменатиот студен воздух од север па така температурите на воздухот брзо и значително опаднаа па така врнежите од дожд на Скопска Црна Гора поминаа во врнежи од снег а краткотрајно врнежи од локален снег имаше и во Скопската ктолина кои беа и сосема очекувани па и најавени токму пред ова да се случи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ: ДОАЃА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ И СПУШТАЊЕ НА СНЕЖНАТА ГРАНИЦА!

Под влијание на влажен воздушен бран до крајот на денови и вечерва времето во државава ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд најпрвин на запад и северозапад а подоцна поточно кон вечерните часови врнежите ќе се прошират насекаде додека на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.

Навечер и во текот на ноќта кон утрешниот понеделнички ден ќе започне да дува засилен ветер од северен правец кој ќе услови НАГЛО И БРЗО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето со што ќе има спуштање на снежната граница и најпрвин на повисоките места врнежите ќе поминат во снег а вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот понеделнички ден локално провејување на снег ќе има и во котлините најпрвин на северот и североистокот од државава.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 5 до 12 степени додека навечер истите ќе бидат во брзо и значително опаѓање.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ