ПО ТИПИЧНОТО ЛЕТНО НЕВРЕМЕ ВИСТИНСКА ЗИМА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА И СКОПСКО

По типичното летно невреме проследено со поројни врнежи, грмежи и електрични празнења кој попладнево го зафати Скопскиот регион поточно Скопска црна гора за многу кратко време се се смени кон типично зимско време односно на повисоките предели поточно каде што имаше проблеми со електричната енергија поради ударот на гром врнежите од дожд поминаа во врнежи од снег и веќе во овој момент владее вистинска зима и има бела покривка.

Сите се прашуваат зошто се случи ова што се случи денес поточно најпрвин типично летно невреме а потоа зисмки удар и снежна бајка: Најпрвин поради топлиот воздух и јужното и југозападно воздушно струење имаше дестабилизација на атмосферата и поради ова нормално е да дојде до електрични празнења и грмежи, подоцна пак од север се спушта студен воздух од север па токму поради ова врнежите од дожд поминаа во снежни врнежи.

Да напоменеме уште дека вечерва на повисоките населени места во државава особено на северот врнежите од дожд ќе поминат во снег а снег ќе има и во делови од Скопско.

Ситуацијата од вечерва токму во Скопско можете да ја погледнете на горната фотографија.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

НЕВРЕМЕ СРЕДЕ ЗИМА ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН: ПОРАДИ УДАР НА ГРОМ ИМА ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА!

Попладнево како што најавивме од запад и северозапад во нашата држава навлегува нестабилна маса на воздух и секако влажна.

Токму ова услови во Скопскиот регион да има нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и електрични празнења. Во скопска црна гора поради удар на гром има и прекин на електричната енергија. За среќа немаме пријавено некои евентуални штети од ударот на громот кој се случи пред малку.

По речиси еден час без струја имаме информација дека во овој дел дошла електричната енергија. Сепак сето ова невреме траеше кратко.

Понатаму ќе продолжат врнежите и нестабилноста а краткотраен прекин на врнежите како што најавивме ќе има во текот на ноќта кон утрешниот неделен ден.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

СЕ БЛИЖИ НЕСТАБИЛНА МАСА НА ВОЗДУХ КОН ДРЖАВАВА (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Денес (сабота) поточно попладнево и до крајот на денов под влијание на влажна, топла но и нестабилна воздушна маса најшрвин во западните а потоа и во останатите предели ќе има врнежи од дожд а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег.

Поради релативно топлиот воздух и јужното и југозападното воздушно струење локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за сосема редок град.

Температурите на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ