ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН НО ТОПОЛ БРАН – МОЖНИ СЕ И ГРМЕЖИ!

Под влијание на влажен но релативно топол бран од попладнево и од запад облачност ќе се зголемува а на повисоките планини на запад ќе има провејување на снег.

Утре (20.01.2018) уште од претпладневните часови на запад ќе има слаби врнежи од дожд додека на повисоките планини ќе провејува снег.

Околу пладне и попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират и во останатите предели од државава а ќе има услови и з алокална нестабилност проследена со грмежи.

Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Ќе биде натпросечно топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ