ДЕТАЛНА АНАЛИЗА ОКОЛУ НОВИОТ ВЛАЖЕН БРАН КОЈ ЌЕ СТИГНЕ ВО САБОТА

Во сабота не очекува нова промена на временската состојба во нашата држава. Поточно од северозапад ќе помине еден нов влажен бран кој ќе услови зголемување на облачноста и уште од претпладневните или пладневните часови најпрвин на запад и северозапад а потоа и на повеќе места ќе има врнежи од дожд додека на планините ќе има врнежи од снег.

Најмногу врнежи ќе има на запад и на северозапад а не се исклучува можноста за појава на ретки грмежи а ќе дува и умерен на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Ќе биде релативно топло со надпросечни температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ: ПОВТОРНО ЗАТОПЛУВАЊЕ И НАТПРОСЕЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

По студеното утрешно петочно утро во текот на денот поради продор на потопла воздушна маса од јужните географски широчини ќе започне да дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува по интензитет и токму ова ќе предизвика пораст на дневните температури на воздухот кој повторно ќе бидат над просекот за овој зимски период од годината и утрешните петочни максимални дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност а врнежи нема да има.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: И покрај студеното утро со негативни температури на воздухот во текот на утрешниот петочен ден повторно ќе имаме затоплување на времето и надпросечни температури на воздухот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ И ОЛУЕН ВЕТЕР ЈА ЗАФАТИ ДРЖАВАВА: ИМА И ШТЕТИ КАКО И ГОЛЕМИ СНЕЖНИ НАНОСИ! (НАЈНОВО)

Како што најавивмево текоит на вчерашниот ден (среда) како и во текот на денешното четврточно утро државава ја зафати НЕВРЕМЕ проследено со СИЛЕН и ОЛУЕН ветер кој носеше се пред себе.

Во текот на денешното утро најсилен ветерот беше во Скопскиот регион па така истиот дуваше со брзина до околу 70 км/час и носеше се пред себе.

Токму во Скопје има и една штета односно на среде пат се урна улична светилка но за среќа истата не направи поголеми штети затоа што во моментот на улицата немало ниту пешаци ниту автомобили.

Покрај ова има и значително зголемување на снежната покривка на планините и на скијачките центри па така порастија условите за скијање.

Тенка снежна покривка има и во некои од котлините особено на западот и на северот од државава.

За среќа понатаму ветерот значително ќе ја намали својата брзина.

На планинските места исто така има и ГОЛЕМИ наноси на снег па доколку патувате кон скијачките центри крајна претпазливост.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ОБЛЕКУВАЈТЕ СЕ УБАВО! НАЈАВА ЗА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Под влијание на студена но стабилна воздушна маса до крајот на овој четврточен ден и вечерва температурите на воздухот ќе бидат во понатамошно опаѓање па така поради разведрувањето кое ќе се случи насекаде во текот на утрешното петочно утро температурите на воздухот насекаде ќе се спуштат во негатива па така минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -8 до 0 степени додека на повисоките места и на планините како и на скијачките центри истите ќе бидат и пониски.

Ве советуваме дека поради студеното време и ниските температури на воздухот на патните правци ќе има појава на голомразица па така крајна претпазливост со вашите автомобили како се движите и секако добро да се облекувате.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ