ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: ИНТЕНЗИВНО ВЕЕ СНЕГ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАГЛО ОПАЃААТ А СНЕЖНАТА ГРАНИЦА СЕ СПУШТА!

Во овие доцни вечерни часови снег вее на планинските места во државава каде снежната покривка континуирано расте. Многу постудениот воздух пак од друга страна започна да се спушта си што снежната граница се спушта и веќе снежни врнежи има на повисоките места на северозападот и на северот на државава.

Понатаму снежната граница значително ќе се спушта и во втората половина од оваа ноќ кон раните утрински часови провејување на снег ќе има и во некои од котлините претежно на западот и на северот од државава. Сосема мала бела покривка е можно да се формира и во некои од котлините.И натаму ќе има услови за ретки грмежи.

Ќе дува ЗАСИЛЕН повремено и СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе услови ГОЛЕМ пад на температурите на воздухот и истите до утрешното четврточно утро ќе се спуштат во интервалот од -7 до 2 степени додека на планинските места и на скијачките центри истите ќе се спуштат до околу -15 степени.

Исто така према утрешното четврточно утро врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува но ќе продолжи да дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северозападен правец.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ И ОЛУЕН ВЕТЕР ВО ДРЖАВАВА: ЌЕ НАВЛЕЗЕ НЕСТАБИЛНОСТ – ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И УСЛОВИ ЗА ГРАД!

Врнежите од запад се проширени во поголем дел од државава а до вечерва ќе ги има насекаде а најинтензивни ќе бидат на запад каде ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог додека на планините значително ќе порасни снежната покривка и тоа за околу 30 – 40 цм.

Во исто време поради судирот на две воздушни маси (топла и студена) ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можна е и ретка појава на град во ваква ситуација.

Поголеми услови за нестабилност ќе има на запад, северозапад и североисток и исток од државава.

Ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН повремено локално и ОЛУЕН ветер од југозападен и од западен а подоцна и од северозападен правец кој локално ќе достигнува брзина до околу или преку 100 км/час.

Поради продор на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север доцна вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот четврточен ден на повеќе места дождот ќе помине во снег па така тенка снежна покривка е можна и во некои од котлините претежно на запад и север како и на северозапад.

До утрешното четврточно утро температурите на воздухот ќе опаднат дури за околу 15тина степени и ќе се спуштат во интервалот од -7 до 2 степени додека на планинските места на западот и северозападот истите ќе се спуштат дури до околу -15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ВО ЖИВО ГО СЛЕДИМЕ ВРЕМЕТО: ДЛАБОКИОТ ЦИКЛОН НАВЛЕГУВА ВО ДРЖАВА – ПОЧНУВА И ДА ГРМИ!

Попладнево полека започна да навлегува длабокиот циклонски систем во нашата држава. Полека врнежите од западните предели се шират и во останатите предели а целосно ќе се рашират до вечерва.

На југозапад поточно во Охридско – Струшкиот регион има и нестабилност проследена со грмежи. Дува засилен ветер од југозападен правец кој во Пелагониско веќе достигнува брзина до 50 км/час.

Понатаму ветерот ќе се засилува па ќе биде со ЗАСИЛЕН до СИЛЕН локално на моменти и со ОЛУЕН интензитет па така локално ќе достигнува брзина дури до околу или преку 100 км/час.

Да се потсетиме на најновата анализа од пред некој час:

Силен и длабок циклонски систем ќе биде виновникот за денешната голема и НАГЛА промена на времеската состојба кај нас. Многу е важно да се каже дека воздушниот притисок во центарот на овој силен циклон ќе изнесува дури 988 htp.

Најпрвин многу ќе затопли и истото затоплување ќе трае МНОГУ КРАТКО до вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот четврточен ден НАГЛО и МНОГУ ќе залади поточно температурите ќе паднат дури за околу 15 степени за многу кратко време.

Врнежите од дожд од западните предели ќе се префрлат и во останатите предели на државава а најпрвин снег ќе врне само на повисоките планини каде снежната покривка постојано ќе расте. Навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (четврток) поради наглото големо заладување снежната граница значително ќе се спушти и на повеќе места врнежите од дожд ќе поминат во снег.

На повисоките места и на планините како и на скијачките центри снежната покривка постојано ќе расте а тенка снежна покривка можно е да се формира и во некои од котлините претежно на северот и западот на државава.

Поради судирот на значително топлиот воздух од југ и многу студениот воздух од север можна е и локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и услови за редок град.

Ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН на моменти локално и ОЛУЕН ветер најпрвин од југозападен а потоа од западен правец кој локално ќе достигнува брзина дури до околу 100 км/час.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ваквата ситуација ве предупредуваме да бидете крајно претпазливи каде се движите а вашите автомобили да ги заштитите односно да не ги ставате во близина на дрвјата со цел да не дојде до несакани ситуации поточно штети.

Со ова нашата држава влегува во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

АНАЛИЗА НА СНЕГ: НОВИ 30 ДО 40 ЦМ СНЕГ – СНЕГ ЌЕ СЕ СПУШТИ ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКО!

Олуен ветер од југозападен и западен правец локално со удари дури до преку 100 км/час, врнежи од дожд, локални грмежи, услови за ретка појава на град и снег и значително зголемување на снежната покривка на планините и скијачките центри (нови 30 до 40 цм снег). Ваква е сликата на силниот циклон кој ја зафаќа нашата држава.

Навечер и во текот на ноќта кон утрешниот четврточен ден поради НАГЛОТО и МНОГУ БРЗО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето на повеќе места врнежите од дожд ќе поминат во снег па така тенка снежна покривка можно е да се формира и во некои од котлините претежно на западот и северот на државава.

Со ова комотно може да почне скијањето на скијачките центри во државава.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

НОВО МНОГУ ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕВРЕМЕ, ОЛУЕН ВЕТЕР ДО 100 КМ/ЧАС, ГРМЕЖИ И СНЕГ! (ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ)