СРЕДА НАВЕЧЕР НАГЛО И БРЗО ЗАЛАДУВАЊЕ (ЗА ОКОЛУ 15°C) СИЛЕН И ОЛУЕН ВЕТЕР, ДОЖД, УСЛОВИ ЗА ГРМЕЖИ И СНЕГ!

Како што веќе најавивме утре (вторник) а особено во текот на денот среда ќе има НАГЛО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и тоа поради олујното југозападно и западно воздушно струење кое ќе услови ЗНАЧИТЕЛЕН пораст на температурите на воздухот и истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат на многу места до околу 10тина степени а може и повеќе. Најтопло ќе биде во централните предели од државава каде истите ќе се искачат до околу 15, 16 степени што е навистина многу топло за овој зимски период од годината.

Ќе има врнежи од дожд најпрвин во западните предели кој во текот на попладнето и вечерта ќе се прошират во најголемиот дел на државава. На почетокот врнежи од снег ќе има само на високите планински предели на државава меѓутоа вечерта и во текот на ноќта кон денот четврток поради БРЗОТО и НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето снежната граница значително ќе се спушти и провејување на снег ќе има и на некои од пониските предели.

Можна е и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Оваа промена на временската состојба ќе биде проследена со ЗАСИЛЕН до СИЛЕН ветер од југозападен и западен правец кој локално може да има ОЛУЈНИ удари со што има услови на моменти ветерот да достигнува брзина од над 90 км/ час.

Температурите на воздухот ќе опаднат понекаде дури и за околу 15 степени па и за повеќе и до четврток наутро минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -8 до 1 степен додека на планинте на западот истите ќе се спуштат до околу -15 степени.

На планините и скијачките центри ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ