ДОАЃА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК (ВОДИЦИ): ПРВИЧНИ АНАЛИЗИ НА ВРЕМЕТО

Почитувани граѓани на пресрет ни доаѓа големиот Христијнаски празник Богојавление – Водици па на сите вас ве интересира какво време ќе имаме баш на овој голем Христијански празник.

Првичните анализи за време на овој празник го кажуваат следното: Претежно стабилно и суво време односно во текот на претпладнето претежно ведро на запад со малку облачност додека во текот на попладнето и вечерта нешто повеќе облаци па така на запад ќе има услови за слаб локален дожд и снег на планините а на овој ден ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени додека преку ден максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Нови и по потреба ОБНОВЕНИ анализи очекувајте наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ