ЕКСКЛУЗИВНО: САМО НА МЕТЕОМАКС ПОГЛЕДНЕТЕ ГО СПУШТАЊЕТО НА ПОЛАРНИТЕ ЈАДРА КОН ЕВРОПА

Почитувани граѓани во следниот прериод поточно во текот на втората половина на овој месец (јануари) имаме една МНОГУ ИНТЕРЕСНА ситуација која ПОДОЛГО време се следи а тоа е спуштањето на поларните јадра кон Европскиот Континент од Арктикот.

На следната анимирана снимка од метеоролошкиот модел GFS можете да погледнете како ќе се спуштаат поларните јадра во текот на следниот период од Арктикот па кон Европскиот Континент:

На горната анимација на метеоролошкиот модел GFS многу добро можете да погледнете дека во текот на втората половина на овој месец целиот Европски Континент би можел да биде зафатен од МНОГУ СТУДЕН воздух со потекло од Ерктикот.

Ситуацијата ние понатаму БУДНО ќе ја следиме и за секоја ново настаната временска состојба и развој на времето навремено ќе бидете информирани.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Пред нас е МНОГУ ИНТЕРЕСЕН период во поглед на МЕТЕОРОЛОГИЈАТА.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

НАЈАВА И НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: СИЛЕН ЦИКЛОН, ДОЖД, СНЕГ, ГРМЕЖИ И ОЛУЕН ВЕТЕР (ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ)

Според најновите анализи кој ние ги направивме во среда (17.01.2018) територијата на државава ќе биде зафатена од СИЛЕН циклон кој поради спуштањето на многу студен воздух од север кон Средоземјето и Јадранот истиот ќе се формира над овие краишта и со својата долина ќе ја зафаќа нашата територија и ќе услови зголемена облачност иво текот на попладневните часови најпрвин на запад а до вечерта и насекаде низ државава ќе има врнежи од дожд додека на високите планини врнежи од снег каде ќе има ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка а со оглед на тоа дека вечерта среда кон четврток температурите на воздухот МНОГУ ќе опаднат снежната граница ЗНАЧИТЕЛНО ќе се спушти.

Локално особено во западната половина ќе има услови за развој на нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер а во ваква ситуација поточно во ситуација кога се судираат две воздушни маси (топла и студена) не се исклучува можноста за ретка појава на град.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ но сепак најинтензивни ќе бидат на западот од државава.

Ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН, локално повремено и ОЛУЕН ветер од југозападен и од западен правец кој локално ќе достигнува брзина дури до околу 100 км/час.

Максимумот на температурите на воздухот во среда ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД просекот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени меѓутоа доцна попладнето и вечерта МНОГУ и НАГЛО ќе опаѓаат.

НЕОФИЦИЈАЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вака продолжи развојот на временската состојба ве советуваме поради овој циклон да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ каде се движите и каде ги ставате вашите автомобили поточно истите да избегнувате да ги ставате во близина на дрвјата.

Нови, детални и обновени информации околу овој силен циклон следуваат во текот на утрешниот неделен ден.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

КОНЕЧНО: МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ НАЈАВУВА ПОЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА НА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ!

Почитувани граѓани според најновите анализи кој денес ги направивме со помош на нашите НАЈДОБРИ и НАЈПРЕЦИЗНИ метеограми можеме да кажеме дека конечно во следните неколку денови снежните врнежи кој ќе ги има на повисоките места и на планините ќе создадат ПОЗНАЧИТЕЛНА снежна покривка и тоа на скијачките центри Попова Шапка и Маврово се очекува снежна покривка од околу 15 – 20 цм. Станува збор за нов снег затоа што веќе на овие ски центри снежната покривка е веќе постоечка.

На највисоките планински места и на врвовите особено на западот од државава се очекува снежна покривка од околу па и повеќе од 40 цм.

Покрај сето ова веќе најавивме дека провејување на снег ќе има и на некои пониски места утре и во понеделник и тоа особено во северните, североисточните и во источнитте предели од државава каде можно е да дојде до формирање на тенка снежна покривка и на некои од котлинските места.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ДОАЃА ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА И ВАСИЛИЦА – ЌЕ ВЕЕ СНЕГ!

Под влијание на влажна и студена воздушна маса која се спушта од северните географски широчини во текот на утрешниот ден (недела) особено од попладневните часови ќе има повремени врнежи претежно од снег и тоа во северната и во источната половина на државава додека во другите предели врнежите ќе бидат од дожд и снег на пониските и од снег на повисоките места и на планините додека во југоисточните предели ќе врне претежно дожд.

Врнежите ќе бидат претежно со слаб до умерен интензитет а повеќе врнежи сќе има во текот на утрешната ноќ кон понеделник и во понеделник и тоа на запад и на исток.

На повисоките места и на планините ќе се формира а таму каде што веќе има снежната покривка ќе се зголемува. Не се исклучува можноста за тенка снежна покривка и во некои од котлините особено на северот и истокот од државава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе засилува по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ОБЛАЦИТЕ НИКАКО ДА СЕ РАСЧИСТАТ НАД МАКЕДОНСКОТО НЕБО – ПРОВЕЈУВА И СНЕГ! (УТРИНСКА АНАЛИЗА)

 

Ова утро насекаде над Македонија имаме облачно време само на истокот има сосема малку ведрина иако и таму има доста облачност. Локално на југот и западот проврнива слаб дпжд на ниските и слаб снег на повисоките места и на планините а така ќе остане и до самиот крај на денешниот саботен ден а ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој на запад и на североисток повремено ќе засилува по интензитет.

Максимумот на температурите денес (сабота) ќе се искачи во интервалот од 4 до 10 степени.

Утре (сабота) особено доцна попладне и вечерта како и во недела на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд и од снег на пониските и снег на повисоките места и на планините каде ќе се формира и снежна покривка а снег ќе има и во некои од котлините особено во северната и во источната половина од државава а температурите на воздухот и натаму ќе опаѓаат.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ