ПРОЛЕТ СРЕДЕ ЗИМА – НА БАЛКАНОТ ЗАПОЧНА ЦВЕТАЊЕТО НА ОВОШКИТЕ!

Веќе подолг временски период Балканскиот Полуостров е под влијание на невообичаено опла воздушна маса која продира од јужните географски широчини и истата условува невообичаено високи температури на воздухот кој се далеку над просекот и истите се повисоки за околу 10тина па и повеќе степени од нормалните кој се вообичаени за овој зимски период.

Најтопло овие денови е во Хрватска и долж Јадранското море каде температурите на воздухот се искачуваат дури и до 20 степени. Токму поради овие високи температури на воздухот во Хрватска веќе се забележува и цветањето на овошките а тоа можете да го погледнете на горната фотографија.

Сето ова веќе ве информиравме дека е поради поради поларните јадра кој од САД се поместија над Атлантикот со што дојде до продор на многу топол воздух над нашите краишта од Европскиот Континент.

Сепак и покрај нас релативно топло време има цела југоисточна и источна Европа.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

МАГЛИВО И НАЈАВА ЗА ПОСЛАБИ ВРНЕЖИ! (АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ)

Какако што веќе ве информиравме и најавивме маглата по котлините и по речните долини ќе се задржува и понатаму па така на овие места ќе биде нешто постудено со пониски температури на воздухот.

Меѓутоа утре (среда) претежно на југот ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Послаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини ќе има и во денот четврток и тоа особено во западната половина од државава.

Утре (среда) ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец кој на повисоките места и на планините ќе се засилува по интензитет додека во денот четврток ќе биде претежно тивко.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 6 до 12 степени додека во местата со магла ќе остане постудено.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ПРОДОЛЖУВА МАГЛИВОТО ВРЕМЕ И ВИСОКАТА ВЛАЖНОСТ ВО ВОЗДУХОТ – ВНИМАНИЕ!

Маглата која ја имаме по котлините и по речните долини ќе се задржи и понатаму а релативната влажност на воздухот ќе биде МНОГУ висока и ќе изнесува некаде од 80% па дури до 100 % што е идеално за задржување на маглата.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. И натаму ќе се задржува надпросечно топло особено на повисоките места и на планините додека по котлините и по речните долини поради маглата и ниската облачност температурите на воздухот ќе бидат пониски.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ