ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СИТЕ ВОЗАЧИ: ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД РАСТАТ УСЛОВИТЕ ЗА МАГЛА И НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ! (АНАЛИЗА)

Под влијание на висок воздушен притисок односно Антициклон но и поради зголемената влажност во воздухот како и релативно тивкото време по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност секако вклучувајќи ја и Скопската котлина.

И покрај невообичаено високите температури на воздухот и топлото време сепак на местата со магла температурите на воздухот ќе останат нешто пониски. Нешто поретка магла ќе има утре (сабота) поради тоа што ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во ваква ситуација на возачите им препорачуваме и ги предупредуваме внимателно да возат со своите возила.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ПОПОСКИ: ПРЕМНОГУ ТЕЖОК ПЕРИОД ЗА ГРАЃАНИТЕ – ДОАЃА НЕВООБИЧАЕНО ТОПОЛ БРАН! (БИОМЕТЕО)

Како што најавивме во текот на следниот период нашата територија ќе биде под влијнание на невообичаено топол бран за овој дел од годината и истиот продира од јужните географски широчини и истиот ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот како на минималните така и на максималните температури.

Сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае кај граѓаните па така кај дел од граѓаните посебно кај метеопатите нои кај дел од обичните граѓани можна е појава на главоболки, болки во коските и на местата од старите рани, повремена нервоза како и несоница како и тешина на главата и на телото. Токму поради ова ги советуваме на граѓаните доколку осетат значителни тегоби и тежини веднаш да се пријават кај својот лекар за совет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

СО ПОМЕСТУВАЊЕ НА ПОЛАРНИТЕ ЈАДРА ОД САД КОН АТЛАНТИКОТ ЌЕ ПРЕДИЗВИКААТ МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ КАЈ НАС (АНАЛИЗА)

Почитувани граѓани веќе добро навлеговме во зимскиот период и календарската зима но ние може да кажеме дека е зима само календарски додека жителите на САД смрзнувааат на температури од -40 степени па дури и пониски. Што се однесува за нас ние го очекуваме снегот и вистинската зима но од нив нема ни трага ни глас за жал.

Во следните денови со поместувањето на поларните јадра од САД кон Атлантикот над нашите краиште од јужните географски широчини ќе продре НЕВООБИЧАЕНО топол воздух кој ЗНАЧИТЕЛНО ќе ги покачи температурите на воздухот како утринските така и дневните.

Максималните дневни температури на воздухот во следниот период на многу места ќе се искачуваат до околу па и над 10 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат локално дури и над 15 степени. Во некои котлини ќе има магла и ниска облачност па токму поради ова и температурите на воздухот на местата со магла и со ниска облачност ќе останат нешто пониски.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ