ЗАПОЧНУВАМЕ ВО ЖИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ ВРЕМЕТО: ФРОНТОТ И ВРНЕЖИТЕ НИ СЕ ПРИБЛИЖУВААТ

Во овој момент од север полека студениот фронт се спушта па така веќе на северозападните планински предели провејува снег. Фронтот целосно во нашата држава ќе навлезе во втората половина од ноќта кога врнежите ќе се прошират во најголем дел од државава и истите ќе се интензивираат. Сепак како што веќе кажавме се работи за брз фронт.

Во продолжение погледнете ја уште еднашка анализата околу фронтот:

Под влијание на моќен фронт кој претстојната ноќ ќе помине од север над нашата држава ќе услови врнежи од дожд и снег особено во централните и во југоисточните предели а локално на југоисток ќе врне и само дожд додека во останатите предели врнежите ќе бидат претежно од снег или влажен снег.

Поинтензивни врнежите ќе бидат на запад и на југозапад каде на некои од пониските места ќе се формира снежна покривка од околу 5 сантиметри додека на планините до околу или малку над 10 цм. Сепак овој фронт ќе биде брз па така утре (четврток) уште претпладнето врнежите ќе престануваат. Утре (четврток) наутро минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -3 до 4 степени додека преку ден истите ќе се искачат во интервалот од 2 до 9 степени. Ќе дува и умерен на повече места повремено засилен ветер од северен правец.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: НОЌЕСКА ДОАЃААТ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ, ВЛАЖЕН СНЕГ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР (ЛОКАЛНО ПОИНТЕНЗИВНИ)