МОЌЕН СТУДЕН ФРОНТ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА (ДОЖД, СНЕГ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ВЛАЖЕН СНЕГ) ДЕТАЛИ

Оваа ноќ ќе има слаби локални врнежи од дожд на ниските додека на повисоките места и на планините ќе има слаби врнежи од снег а ќе дува и умерен Долж Повардарието и на исток засилен ветер од северен правец. Снежната граница ќе се наоѓа на висина некаде до околу 1000 м.н.в иако истата можно е да се спушти и малку пониско.

Утре (среда) ќе имаме релативно сув ден додека доцна навечер и во текот на ноќта кон четврток како и во четврток претпладне над нашата држава ќе помине еден брз но моќен студен фронт кој ќе услови врнежи од дожд и снег додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира а таму каде што веќе има снежната покривка ќе се зголеми. На некои од пониските места можно е да има и врнежи од влажен снег кој бргу ќе се топи веќе од четврток. Исто така во четврток ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец додека минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -4 до 4 степени додека маскималните дневни ќе се искачат во интервалот од 2 до 9 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ВЕЧЕРВА НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ДРЖАВАВА (ДЕТАЛИ)

Земјотрес со интензитет од 4.1 степен според Рихтеровата скала пред едно 50тина минути ја стресе југоисточна Македонија. Земјотресот е со епицентар на само девет километри источно од Дојран.

Во текот на денешниот изминат ден и натаму продолжи серијата на земјотреси во овој крај но истите беа со послаб интензитет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

СТРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ДРЖАВАВА ПРЕДИЗВИКА ШТЕТИ! ПОГЛЕДНЕТЕ

Распукани sидови во куќите, исплашени и испаничени граѓани и немирно спиење. Ваква е состојбата ово текот на оваа измината ноќ и утро поради серијата земјотреси кој ја тресат југоисточна Македонија. Најсилниот земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала се случи пред околу сат време и истиот е почувствуван на многу места од источната половина на државава.

Овој страшен земјотрес предизвика и штети особено во куќите на југоистокот од државава а тоа можете да го погледнете подолу на фотографијата:

Оваа фотографија доаѓа од Стојаково.

 

Епицентарот на овој страшен земјотрес како што кажавме се наоѓа на 10 километри источно од Дојран.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

НАЈНОВА ВЕСТ: ПО СТРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ДРЖАВАВА СЛЕДУВААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА ШТЕТИ!

Почитувани наши граѓани граѓаните од истокот и југоистокот на државава оваа ноќ се сведоци на навистина страшен земјотрес кој е со епицентар на 10 километри источно од Дојран. Вознемирени граѓани но делк како што тие барем викаат ваков силен земјотрес никогаш не почувствувале.

За многу скоро време следуваат информации околу штети предизвикани од овој страшен земјотрес.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ДРЖАВАВА – ПРЕД САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ СЕ СЛУЧИ СТРАШЕН ЗЕМЈОТРЕС!

Серија од земјотреси оваа ноќ ја вознемирија југоисточна Македонија. Пред само неколку минути се случи и НАЈСИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС.

Страшшен земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала ги вознемири граѓаните на Дојран. Овој земјотрес е почувствуван на повеќе места од источната половина на државава.

Засега нема информации за евентуални штети. Епицентарот на овој земјотре се наоѓа на 11 километри источно од Дојран.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ